20 Декември, 2025
0.0338

Првата продавница на H&M во Скопје се отвора на 18 август

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2022 10:59

Добивај вести на Viber

Шведскиот моден бренд H&M ја отвора својата прва продавница во Северна Македонија, во Ист Гејт Мол Скопје, на 18 август во 10 часот наутро. Купувачите ќе имаат можност да добијат попусти до -50% на одбрани парчиња, во периодот од 18 до 21 август. Исто така, на денот на отворањето, првите 100 купувачи ќе добијат H&M картички за подарок во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 за третиот и по 1.000 денари за останатите.

„Многу сме среќни што конечно ја отвораме нашата прва продавница во Скопје, во еден од најголемите трговски центри во целата земја. Ова е одлична можност и возбудлив предизвик да го прошириме нашето физичко присуство на вака стратешки важна локација. Сакаме да продолжиме да инспирираме и да им дадеме можност на вљубениците во модата во Скопје да изгледаат и да се чувствуваат добро преку истражување на нивниот личен стил и правење на повеќе одржливи модни избори“, вели Томас Естрани, регионален Менаџер за продажба во H&M.

Новата продавница на H&M во Скопје се протега на 2.300 м2 и е дизајнирана согласно последните трендови, со цел да понуди модерно и пристапно шопинг искуство. Нејзината разновидна понуда ќе вклучува широка понуда на облека за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња, како и модни додатоци. Продавницата ќе работи од 10:00 часот наутро до 22:00 часот во работните денови и во сабота, додека во недела ќе работи со скратено работно време, до 20:00 часот.

За повеќе информации контактирајте на:

communications.mk@hm.com


*ПР објава


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии