29 Септември, 2024
0.0274

Првата цевка на “Турски поток” ќе проработи во крајот на 2016 година

Објавено во: Економија 07 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Првата цевка на морскиот гасовод "Турски поток" од Русија до западна Турција ќе проработи по година и пол - на крајот на 2016 година, пренесе руската агенција Интерфакс во четвртокот.

Таа го цитираше соопштението на руската компанија "Газпром" за преговори меѓу министерот за енергетика на Турција Танер Јилдиз и претседателот на рускиот концерн Алексеј Милер, кој изјавил дека "денес се одржаа многу конструктивни и важни разговори, во кои е постигнат договор за пуштање и испораките на гас за "Турски поток" во декември 2016 година ". Тој прецизира дека распоредот на работа на "Газпром" за проектот ќе е во согласност со сегашните аранжмани.

Првата цевка на гасоводот ќе биде наменета за снабдувањето во западниот дел на Турција, која ќе го замени транзитот на руски гас преку Украина. Следните три цевки на гасоводот се планира да ги заменат испораките на руски гас преку Украина за Централна и Јужна Европа, посочува весникот.

Според Европската комисија, сепак тоа е промена во договорите со европските партнери на точката на испораките на руски гас од украинската граница на турско-грчката. Со што тие тешко дека ќе се согласат, освен ако "Гаспром" не им се понуди во замена отстапки во цената на гасот, која и без тоа паѓа поради цената на нафтата.

Информациите за роковите за лансирања на "Турски поток", кој го замени проектот "Јужен поток" за гасовод под Црното Море преку Бугарија, Србија и Унгарија до Австрија, доаѓа неколку дена по медиумски пораки во Русија дека преговорите со Русија за проектот се запрени поради недоразбирања меѓу "Гаспром" и турската државна БОТАС по отстапките во цената на гасот.

Освен тоа пред една недела европскиот комесар за конкуренција Маргарет Вестагер не ја исклучи можноста Брисел да започне проверка дали склучените договори за "Турски поток" ги исполнуваат европските антимонополната правила.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија