22 Октомври, 2024
0.0257

ПРВИ ПРЕД СИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈ-10 ГОДИНИ УСПЕШНА РАБОТА

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber


Видеолотарија Касинос Австрија во 2014 ја започна својата приказна. Посветеност, иновативност, професионалност, почитување на законската регулатива и одговорност се принципите на кои се поставените темелите на компаниското функционирање. Во овие десет години, компанијата прерасна во македонски бренд која зазема лидерска позиција на полето на интернет и електронските игри на среќа. Покрај профитабилноста, ние сме општествено одговорни, и континуирано  обезбедуваме силен придонес кон заедницата и општеството во целина.


Како модерна компанија, настојуваме да одговориме на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Да бидеме одговорни кон играчите, кон вработените, но и кон ранливите категории во нашето општество. Нашата компанија е членка на Европската и Светската асоцијација на лотарии. Во текот на овие 10 години, Државна Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди 205 милиони денари наменети за поддршка на културата, спортот, здравството, како и ранливите групи во нашето општество. Во повеќе наврати обезбедивме донации за здравството и тоа за: Детската кардиохирургија, Детската клиника, за гинекологија Чаир,  за болницата во Кичево, како и за поддршка на Ковид фондот во здравството за време на пандемијата. Дополнително, по различни основи кон државата, се исплатени 7 и пол милијарди денари.


ДВЛМ е партнер на ФФМ веќе неколку години, сигурен поддржувач на интернационалните успеси на Игор Стефановски Иџе, како и бројни спортски клубови. На територијата на Македонија реконструиравме 17 детски мултифункционални игралишта, на кои во текот на летниот период, заедно со нашите бренд амбасадори реализиравме летни спортски игри.

Со цел создавање услови за талентираните лица, ученици и студенти кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, немаат финансиски можности, а имаат амбиција за образување, ја формиравме фондацијата Едуката. Преку стипендирање од фондацијата, овозможуваме овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството.

Како општествено одговорна компанија, посветивме сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорно приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Во 2023 добивме сертификатот за одговорно приредување игри на среќа од Европската асоцијација на лотарии. Активирана е и посебна информативна страна igrajodgovorno.mk која ја подготвуваат стручните лица од областа на психологијата и психијатријата.

Три милијарди денари се исплатени за џекпот добивки од страна на Државна видеолотарија Касинос Австрија кон играчите на видеолотариските и електронските игри на среќа. На 12.01.2023 освоен е најголемиот ВЛТ џекпот на сите времиња во Македонија. Играчот Г. Р од Куманово освои фантастични 34.521.610 денари.

Благодарение на нашата компанија, играчите на интернет игрите на среќа, за првпат добија можност да учествуваат во интернет игрите на среќа на единствената легална платформата за игри на среќа, 2 win.mk. Таа денес има 50.000 регистрирани сметки на играчи.Најголемиот џекпот достигна вредност од 4.081.000. Во категоријата спортско обложување најголемата добивка на тикет е 2.260.000 денари.

„Нашата понуда на пазарот на игри на среќа е одраз на нашата посветеност кон перфекционизмот и постојаното унапредување. Секако, ова немаше да го постигнеме без нашите вредни вработени. Секој поединец во нашиот тим, на уникатен начин, придонесе во создавањето на нашиот успех. Вработените се еден од нашите најважни ресурси. Нивното задоволство е еден од нашите суштински приоритети.“- изјави претседателот на НО на ДВЛМ, Аднан Шариќ.

На свеченоста по повод јубилејот, компанијата им додели благодарници на вработените за нивниот силен придонес во деловниот успех низ децениското постоење.

И во иднина ќе продолжиме да бидеме први пред сите со својата одговорност, иновативност, професионализам и посветеност. И кон играчите, и кон вработените, и кон деловните соработници, и секако кон општеството во целина, притоа почитувајќи ја комплетно законската регулатива.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно#ИграјСоНајдобрите


Можеби ќе ве интересира

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

ЕДУКАТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ СТИГНАА ДО ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

ЕДУКАТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ СТИГНАА ДО ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

Прва конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Back to business - Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“

Прва конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Back to business - Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“

IQOS караванот на нова локација, во Куманово

IQOS караванот на нова локација, во Куманово

Започнува „ProBiz Superpowers“ серијалот на настани за млади претприемачи на ПроКредит Банка и ЕБОР

Започнува „ProBiz Superpowers“ серијалот на настани за млади претприемачи на ПроКредит Банка и ЕБОР

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје

Grand Casino Admiral најавува нова возбудлива соработка со Елена Вукановска

Grand Casino Admiral најавува нова возбудлива соработка со Елена Вукановска

ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД ДВА МИЛИОНИ, ИЗГРАДИ ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД ДВА МИЛИОНИ, ИЗГРАДИ ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

„Гранд Скопје“: Со продажбата на станови во Grand View започнува новото резиденцијало поглавје на мултинаменскиот комплекс во срцето на градот

„Гранд Скопје“: Со продажбата на станови во Grand View започнува новото резиденцијало поглавје на мултинаменскиот комплекс во срцето на градот