Први знаци на морбили – како да се препознаат симптомите?
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2019 09:16
Метрополата се соочува со епидемија на морбили a oд денеска важи мерката со која се воведува забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот.
Зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност, солзење на очите, течење на носот, сува кашлица - ова се симптомите кои наведуваат на грип, но и првиот сигнал за мали сипаници - морбили. Карактеристично за морбилите е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени.
Mалите сипаници, се акутно, вирусно, многу заразно заболување, предизвикано од вирусот на морбили, кое се манифестира со катарални симптоми и макулопапулозен исип, а се јавуваат во помали и поголеми епидемии. По инкубација од 10-12 дена, се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност. Истовремено се јавуваат и катарални симптоми како солзење на очите, течење на носот, сува кашлица т.н. “плачна маска“.
Карактеристично е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата. По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае 3 до 6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи.
Како се пренесува болеста и што треба да се направи додека трае?
Малите сипаници, според лекарите се типично респираторно заболување и се пренесува преку воздушно-капков пат. Покрај горните дишни патишта, како влезна врата се и коњуктивите. Резервоар на инфекцијата е исклучително човекот, дoдека изворот на заразата се секретите на заболениот. Се смета дека 90% од луѓето без имунитет кои го споделуваат животниот простор со заболеното лице ќе се заразат. Во тешките форми на заболувањето може да се добие бронхопневмонија, бронхиолитис, ларингитис или бактериска пневмонија како дополнување на основната болест. Во потешки форми се јавуваат и отитис-воспаление на увото, синуситис-воспаление на синусите, и енцефалитис-воспаление на мозочните обвивки. Најважно е болниот во текот на заболувањето да се изолира, да седи во домашни услови, на амбиентална температура од 24 степени, да зема многу течности, чаеви, природни сокови и витаминска терапија. Ако болеста е пропратена со висока температура со контрола и препорака на лекар се земаат и антипиретици - лекови за намалување на истата. Болеста, објаснува д-р Лазаревска, се пренесува преку воздух, со ситните капки секрет од дишните патишта кои при кашлање, кивање и гласно зборување ги исфрлаат заразените лица. Вирусот може да живее до два часа во надворешната средина и тоа на предмети и површини што даваат можност за индиректно пренесување како детски играчки, загадени предмети и работни површини. Согласно Календарот за имунизацијата во Македонија, вакцинацијата против мали сипаници се дава во две дози. Првата доза по навршените 12 месеци од животот, а втората на 6 годишна возраст. Траен имунитет се создава по прележување на заболувањето и штити во текот на целиот живот.
Епидемија на мали сипаници се прогласува кога има повеќе епидемиолошки поврзани случаи. Зголемување на бројот на заболените од мали сипаници обично се јавува циклично на секои 2-3 години. Во зависност од текот на епидемијата се предлагаат и преземаат соодветни мерки, што вклучува дополнително и евентуална вакцинација на одредени групи на лица, блиски контакти во семејството, затворени колективи, колективи со групно сместување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?
Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови
„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски
„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија
„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани
Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ
Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“





