Добивај вести на Viber
Првиот авион Ербас А319 на компанијата Air Serbia слета вчера на белградскиот аеродром Никола Тесла. Авионот на аеродромот го дочекаа бројни новинарски екипи, а слета околу 13 часот во придружба на два авиони на Војската на Србија, Миг 29.
Леталото на новооснованата компанија Аir Serbia долета од Дизелдорф каде што беше на фарбање и е првиот авион на авиокомпанијата кој што е изнајмен за нејзинит потреби.
Компанијата Air Serbia почнува официјално да работи на 26 октомври, кога е планиран лет за Абу Даби.
Формирана е како заедничка компанија на српската влада и националнага авиокомпанија на Обединетите арапски емирати, Етихад, каде што Србија има 51% од акциите. Со тоа практично престана да работи дотогашната српска национална авиокомпанија Јат ервејз.