Првиот остров без коронавирус во Европа се наоѓа во соседството
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Март, 2021
Во Грција се наоѓа првиот европски остров без коронавирус.
Островот Кастелоризо кој што уште се нарекува и Мегисти, а кој што припаѓа на Додеканезите, стана првиот европски остров без коронавирусот, пренесува „Euronews“. Островот е сместен во Средоземното море, неколку километри јужно од турското крајбрежје, а таму успешно биле вакцинирани сите 520 жители против ковид-19. Од лани откако почна пандемијата, коронавирусот на островот бил регистриран само кај еден човек. Откако се случило тоа, грчката влада на сите жители им обезбедила по две дози од вакцината „Фајзер“. Островот стана популарен по филмот „Mediterraneo“ oд режисерот Габриел Салваторес кој што бил снимен токму таму, а кој во 1992 година ја доби престижната награда Оскар за најдобар странски филм.
foto Wikipedia
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.