16 Декември, 2025
0.0486

Првиот Романец кој пристигна во Британија за работа во новата 2014, доби отказ!!

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2014 09:44

Добивај вести на Viber

Виктор Спиреску - првиот Романец, кој пристигна уште на 1 јануари оваа година , за да работи во Велика Британија , беше избркан од работа. Тоа го соопшти романската агенција Медиафакс, повикувајќи се на британски медиуми. 30-годишниот Спиреску стана славна личност, откако даде серија интервјуа , со што се покажа како еден од ретките Романци , кои пристигнаа на 1 јануари во Велика Британија за да работат . На аеродромот " Лутон " во Лондон Спиреску беше пречекан од бројни камери и од двајца пратеници , кои на денот на намалувањето на работните ограничувања за Бугарите и Романците во Велика Британија и во остатокот на ЕУ очекуваа наплив на имигранти . Весникот " Тајмс " објави дека Спиреску бил отпуштен од пералната за коли , каде бил вработен , и дека тој за тоа ги обвинува медиумите , кои го држеле на телефон во работно време . Неговиот шеф во автопералната во Бедфордшир го ослободил од работа , бидејќи Спиреску често зборувал по телефон , претежно со новинари , раскажал Романецот . Британскиот таблоид "Сан ", пак, откри дека Спиреску бил прогласен за виновен за нападот врз неговата поранешна девојка во јуни 2011 година и му била наметната казна . Девојката им раскажала новинарите од "Сан" за врската со Виктор , и како една од причините за нивната разделба бил фактот дека тој не можел да најде работа . Според весникот " Тајмс" , пред да дојде во Велика Британија , во Романија, Спиреску бил овчар , електричар и механичар . Новинари од весникот "Дејли телеграф " дури отишле да ја интервјуираат на лице место 19 -годишна свршеница Каталина Курчан.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството