Првиот состанок на мешовитиот комитет за економска соработка ќе се одржи во јануари
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2012 14:57
На состанокот е договорено првата седница на Мешовитиот комитет да се одржи во јануари следната година, а меѓу темите кои ќе се дискутираат ќе бидат подобрување на соработката во областа на енергетиката, минералните суровини, туризмот, градежништвото и образованието.
Поради интересот на бизнисмените од двете држави договорено е на првата седница на Мешовитиот комитет да бидат присутни и претставници од деловната заедница.
Двајцата соговорници разговарале и за економската состојба во двете држави, како и за можностите за унапредување на трговската соработка. Оценето е дека билатералната трговска размена е недоволна и изнесува околу 40 милиони долари.
Вкупната трговска размена во 2011 година на Македонија со Унгарија учествувала со 0,5 отсто во вкупно остварената трговска размена на Македонија со светот. Покриеноста на увозот со извозот била 16,8 отсто. Во делот на инвестициите, пак, во 2008 година Унгарија го заземала второто, а до 2010 петтото место, додека во последните две години инвестициите во голема мерка се намалени.
Средбата на министерот Сарачини со Сијарто е во рамки на официјалната посета на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на Унгарија. Средбата беше одржана по состанокот на македонскиот и унгарскиот премиер Никола Груевски и Виктор Орбан на која двајцата изразија задоволство од формирањето на Мешовитиот комитет.
Во текот на вчерашниот ден, владината делегација учествуваше на бизнис форум во Будимпешта на кој пред 70 претставници на мултинационални компании беа презенитрани инвестициските можности во македонија. Бизнис форумот беше организиран во соработка со Комората на меѓународни компании.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





