18 Декември, 2025
0.0947

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на 2026 година

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2025 07:55

Добивај вести на Viber

Првите 11 километри од автопатот Прилеп - Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10 во должина од 40 километри треба да биде готов до крајот на 2027 и почетокот на 2028 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп.

Николоски присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави, задоволен е како се одвива изградбата на автопатот.

Најави дека со автопатско решение ќе биде поврзана и делницата од Фариш до Прилеп.

- Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива одлично. Задоволен сум од изведбата. 

Очекуваме кон крајот на 2026 година да ги имаме функционални првите 11 километри, а целиот автопат од 40 километри да биде готов кон крајот на 2027 година или во почетокот на 2028 година, зависно од временските услови. 

Автопатот, секако, се надоврзува на експресниот пат Градско- Дреново-Фариш, а ќе работиме на автопатско поврзување од Фариш до Прилеп - изјави Николоски.

Изведувач на автопатот е фирмата „Бехтел и Енка“. 

Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив