13 Јануари, 2025
0.1512

„ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ДОМАЌИНСКОТО РАБОТЕЊЕ“: Владата вели растот на БДП во третиот квартал ќе достигне 3 проценти

Објавено во: Економија 09 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Првпат по 7 години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на БДП од 3 проценти во третото тромесечје од 2024 година. Како Владата ветивме фуриозен почеток и домаќинско работење. 

Доаѓаат првите резултати, според Државниот завод за статистика, раст на бруто домашниот производ во третото тромесечје односно месеците јули, август и септември од 3 проценти, наведуваат во соопштение денеска од Владата.

Раст на БДП од 3 проценти за македонската економија, велат дека е највисок споредбено со земјите од регионот и Европа. Споредбено само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, додека пак во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија од 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо - 0,3 проценти, додека пак Словенија има 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија и други држави.

- Како Влада очекуваме раст на БДП и во четвртиот квартал со што на годишно ниво би се доближиле од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти на Светска Банка. Како Влада преземаме активности и насочени сме кон реализација на капитални инвестиции, како и привлекување на странски директни инвестиции се со цел да ја придвижиме економијата и да поттикнеме економскиот развој. Ветивме и се обврзавме како Владата дека ќе ја трансформираме Македонија напред - се наведува  во сопштението.

Овие бројки, дополнуваат, се показател дека Владата работи посветено, одговорно и ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните.

- Економијата е најважниот сегмент на работата на Владата. Продолжуваме посветено!, соопшти владината прес-служба.


Можеби ќе ве интересира

ПОБОГАТИ ОД ГЕРМАНЦИТЕ И ФРАНЦУЗИТЕ: Koи се најбогатите нации во Европа?

ПОБОГАТИ ОД ГЕРМАНЦИТЕ И ФРАНЦУЗИТЕ: Koи се најбогатите нации во Европа?

ПЛАТИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Кој заработува најмногу, а кој најмалку?

ПЛАТИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Кој заработува најмногу, а кој најмалку?

ЌЕ СЕ ГРАДАТ НАД 500 НОВИ СТАНОВИ - се намалиле одобренијата, еве кои региони се најпримамливи

ЌЕ СЕ ГРАДАТ НАД 500 НОВИ СТАНОВИ - се намалиле одобренијата, еве кои региони се најпримамливи

УЈП ВО ДЕКЕМВРИ „ДОБРО НАГАЗИЛЕ“ СО КОНТРОЛИ, А ИМАЛЕ И ШТО ДА УЛОВАТ - 80 глоби за неиздавање фискални сметки, а некои вршат и нерегистрирана дејност

УЈП ВО ДЕКЕМВРИ „ДОБРО НАГАЗИЛЕ“ СО КОНТРОЛИ, А ИМАЛЕ И ШТО ДА УЛОВАТ - 80 глоби за неиздавање фискални сметки, а некои вршат и нерегистрирана дејност

„БРИТИШ ПЕТРОЛЕУМ“ ПОТВРДИ: Имаме технички проблеми на гасоводот во Азербејџан

„БРИТИШ ПЕТРОЛЕУМ“ ПОТВРДИ: Имаме технички проблеми на гасоводот во Азербејџан

Министерство за финансии: За новите автопати исплатени 4,1 милијарди денари во 2024

Министерство за финансии: За новите автопати исплатени 4,1 милијарди денари во 2024

НОВАТА ВЛАСТ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ ЗА ДА МУ ОЛЕСНИ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА НОСЕЊЕ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ - еве кои сѐ отстапки ќе бидат направени за стратешкиот партнер

НОВАТА ВЛАСТ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ ЗА ДА МУ ОЛЕСНИ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА НОСЕЊЕ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ - еве кои сѐ отстапки ќе бидат направени за стратешкиот партнер

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА НАСКОРО ВЛЕГУВА ВО ШЕНГЕН? Само две членки на ЕУ не се во зоната за слободно движење

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА НАСКОРО ВЛЕГУВА ВО ШЕНГЕН? Само две членки на ЕУ не се во зоната за слободно движење

ИНТЕРВЈУ САЛВАРАС: Стратешкото партнерство помеѓу Филип Морис Интернешнал и Тутунски Комбинат Прилеп е успешна деловна приказна која има позитивно влијание врз целокупната економија

ИНТЕРВЈУ САЛВАРАС: Стратешкото партнерство помеѓу Филип Морис Интернешнал и Тутунски Комбинат Прилеп е успешна деловна приказна која има позитивно влијание врз целокупната економија