05 Декември, 2025
0.0307

Прво био млеко на македонскиот пазар

Објавено во: Агробизнис 14 Јуни, 2013 13:53

Добивај вести на Viber

На потрошувачите во Македонија „Дукат“ им го овозможи, првото и засега единствено трајно млеко на пазарот, произведено од одбрани фарми кои се сертифицирани за органско производство на млеко, според правилата и регулативата на Европската Унија. Новото млеко на Дукат ја носи ознаката БИО што претстава гаранција дека е произведено во строго контролиран природен екосистем во кој се води постојана грижа за начинот на исхрана на млечните крави, нивната состојба, свежиот воздух и чистата вода, избегнувајќи на тој начин допир со материи кои на каков било начин можат да ја загадат околината. „Сите млека на „Дукат“ се со висок и постојан квалитет, но најновото БИО млеко има и една дополнителна вредност, а тоа е дека потекнува од еколошки сертифицирани фарми кои го добиваат суровото млекото онака како што би сакала природата. Потрошувачите во Македонија ја заслужуваат оваа вредност и ние сме горди што можеме да им ја овозможиме, изјави Кристина Панајотовиќ - Ристовски, бренд менаџер на Дукат во Македонија. Новото Дукат трајно млеко содржи 2,8% млечна маст и е достапно за потрошувачите во амбалажа која најдобро ги заштитува сите природни, хранливи состојки на БИО млекото. На Македонскиот пазар, новото Дукат БИО млеко ќе се нуди во поголемите маркети во пакување од 1 литар.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?