07 Октомври, 2024
0.0292

Прво дозвола од Влада, потоа продавање државен имот-исклучиво по електронски пат!

Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Сите државни институции, од Нова Година ќе мора по електронски пат да ги продаваат работите кои не им се потребни, независно дали станува збор за движен или недвижен имот. Како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, електронска продажба е задолжителна и се воведува со цел поголема транспарентност и помалку корупција. Во моментов се рботи на специјален софтверски електронски систем кој ќе се инсталира во Министерството за финансии.Така, ако институцијата сака нешто да продаде, прво ќе треба да довие согласност од Влада. „Доколку еден државен орган има намера да се ослободи односно да оттуѓи дел од движните или недвижните ствари што се во негова сопственост, а кои што поради определени причини има потреба да ги оттуѓи поради потреба да бидат продадени и да бидат обезбедени средства поради дотраеноста на тој имот или пак се работи за нивната истрошеност или надминување на функциите за кои се обезбедени, задолжително мора да се објави јавна објава во најмалку три дневни весници во земјава и самиот рок во кој заинтересираните апликанте ќе сакаат да поднесуваат аликација за електонско наддавање ќе биде 20 дена“, појасни  Ѓорѓиев. Заинересираните купци пак ќе треба да победат на јавното наддавање, за што треба да уплатат депозит од пет отсто за учество кој ќе им се врати ако не победат на наддавањето. „Со субјектот кој што ќе победи во рок од пет дена се склучува договор и во рок од 15 дена ќе има обврска да ги уплати средствата на буџетскиот корисник кој што ги продава. Доколку тоа не го направи во предвидениот рок тогаш јавната продажба се поништува а средствата ќе бидат останати во сопственост на државата а на субјектот ќе му биде ставена негативна референца, тој нема да има право да учествува во наддавање во еден догледен временски период“, изјави Ѓорѓиев.

Можеби ќе ве интересира

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!