Прво ќе се слават празници па ќе се бираат претседатели на судови
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2016 20:40
Кривичните пријави кои меѓусебе си ги поднесуваа судиите и кандидатите за нови претседатели на Кривичниот и Врховниот суд нема да влијаат на самата процедура на избор и оценувањето на кандидатите, посочува Зоран Караџовски, претседателот на Судскиот совет, но тоа не значи дека изборот ќе се изврши веднаш. Назначувањето на нови претседатели на овие два суда ќе следи по празниците.
Кривични пријави имаат Владимир Панчевски и Иван Џолев, противкандидати за Кривичен, а претставки се поднесени против нив, но и против Лидија Неделкова и Јово Вангеловски кои се во трката за претседател на Врховниот суд. Советот нема да го земе ова предвид при оценувањето, но според Караџовски, тие генерално негативно влијаат врз угледот на судството.

„Ги имаме и предвид и сите можни шиканирања што можат да ги имаат меѓусебно колегите затоа што сега имаме и од една и од друга страна поднесување кривични пријави и претставки, што не е добро. Јас во моментов не можам да кажам кои се побудите за тоа и зошто и кој поднесувал кривични пријави во овој период“, вели Зоран Караџовски, претседател на Судски совет за 24 Вести.
Караџовски тврди дека вонредното оценување не е на никој начин поврзано со подобрување на оценката на Панчевски со цел тој да добие втор мандат како прв човек на Кривичен. Советот, додава тој, не ја фаворизира ниту судијката Снежана Бајлозова која само неколку месеци е судија во Врховниот суд а веќе е и вршител на должноста претседател.
„Тоа што таа беше избрана за в. д. претседател не ја става во фаворизирана позиција, а не можам да се произнесам и за тоа која била причината зошто таа била избрана. Тоа бил ставот на Судскиот совет дека таа во преодниот период може најдобро да го води Судот“, изјави Зоран Караџовски, претседател на Судски совет.
Бајлозова денеска присуствуваше на седницата како член на Советот по функција, но ја напушти салата кога беше на дневен ред оценувањето на колегите од Врховен кои се во трката за претседател. Оценувањето ќе заврши денеска, но поради правото на жалба изборот на претседатели ќе се изврши по Нова година
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




