Добивај вести на Viber
Во светот се повеќе и повеќе директори и сопственици на компании директно се вклучени во процесот на вработување на нови кадри.
Така, Дејв Гилбоа од „Warby Parker“изјави за „Wall Street Journal“ дека троши 25 отсто од своето време на процесот на вработување на нови луѓе во компанијата. Тој верува дека работата на директор ја вклучува и оваа обврска, но посочил и дека многу се потпира на интерните препораки кога треба да се вработи некој нов човек. Сепак, иако ваквите случаи се многу ретки во компаниите денес, Гилбоа не е сам во тоа.
Како промотор на оваа практика се издвојува и Мариса Маер, главен извршен директор на Yahoo, која минатата година покрена прашина по најавата дека лично ќе учествува во изборот на секој нов вработен за работа во компанијата. Дел од експертите се на мислење дека оваа одлука е лоша, бидејќи Мајер губи време и го оддолжува процесот на регрутирање. Други, пак, сметаат дека ова е добра идеја.
Марк Цукерберг, првиот човек на Фејсбук, 50 проценти од времето го минува во барање нови таленти. Според некои извори, Цукерберг ја презел оваа филозофија од легендарниот Стив Џобс. Друг поддржувач на пракса и Аријана Хафингтон, директор на Хафингтон Пост, која е присутна на речиси секое интервју со потенцијалните кандидати за работа во нејзината компанија.