18 Декември, 2025
0.0450

Првата авторизирана биографија на Дарко Панчев излезе од печат во издание на „Арс Ламина“

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2024 13:01

Добивај вести на Viber

Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев излезе од печат во идание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов, ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Љубомир Кекеновски и поранешниот фудбалер и соиграч на Панчев, Васил Рингов, а модератор ќе биде уредничката Бисера Бендевска.

Во долгоочекуваната книга, Михајлов открива познати и помалку познати случувања, факти и анегдоти за Панчев, за неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, почнувајќи од неговото детство, преку ангажманите во ФК Вардар и ФК Црвена звезда, па сѐ до европската фудбалска авантура. Во книгата се зборува и за животот на Панчев и надвор од зелениот терен...

„Македонската Кобра, како што го знаат нашиот Дарко Панчев лаиците и оние поупатените, го разбранува фудбалскиот свет во своето време и на величествен начин – од Вардар преку Црвена звезда – во 1991 година стигна до титулата прв стрелец на Европа, освојувајќи ја „Златната копачка“ на популарниот „Екип“ и на брендот за спортска опрема „Адидас“. Со 34 постигнати гола и со освоените титули со Звезда – европски и светски клупски првак, и „Сребрена топка“ во изборот на реномираниот француски спортски весник „Франс фудбал“ за втор најдобар играч во Европа, иако според мнозинството од фудбалскиот свет ја заслужил „Златната топка“ – Панчев стана една од најинтересните фудбалски појави, не само на Стариот Континент, туку и во светот“, вели Михајлов во книгата.

Во книгата е поместен избор од 40 фотографии од приватната архива на Панчев, кои  прикажуваат важни моменти од неговата кариера и од неговиот живот. Публикацијата е збогатена и со искази за Панчев од челниците и легендите на Звезда, од неговите соиграчи, современици, претставници од спортската и од научната фела.

Најславниот и најуспешниот фудбалер на Македонија, Дарко Панчев, е роден на 7 септември во 1965 година, во Скопје. Благодарејќи на неговите голгетерски способности и вродениот рефлекс за скротување на топката во шеснаесетникот, тој се здобива со прекарот Кобра, како што е познат и до денес во фудбалскиот свет. Решетејќи ги мрежите на звучните клубови во Првата југословенска лига како играч на Вардар, успева да стигне до врвот на лигата во сезоната 1986/87 година, по што станува привлечен за клубовите од т.н. „Голема четворка“: српските Црвена звезда и Партизан, и хрватските Динамо Загреб и Хајдук. Но, најбрза во трката за неговиот потпис е белградска Звезда, каде што ќе го достигне зенитот во својата кариера – освојување на тронот на клупска Европа и тоа токму со неговиот победнички погодок во пенал-рулетот против Олимпик Марсеј, и добивањето на „Златната копачка“ и на „Сребрената топка“. Потоа настапува и за гигантот Интер од Милано, за Лајпциг, Фортуна Диселдорф и за Сион, каде што ја завршува својата кариера. Бележити се и неговите настапи за југословенската репрезентација и за репрезентацијата на Македонија по осамостојувањето, станувајќи нејзин прв капитен. Тој е прогласен за Фудбалер на векот во Македонија.

Ова е трета книга на неуморниот спортски новинар и коментатор Зоран Михајлов (р. 1945 година)  по „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ (издание на „Арс Либрис“) и монографијата за борачот Шабан Сејдиу (коавтор). Во својата 60-годишна кариера присуствувал на најголемите спортски случувања , меѓу кои и на рекордни 15 олимпијади и притоа ги афирмира настапите на македонските спортисти и ја информира македонската јавност за тамошните случувања. 

Можеби ќе ве интересира

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА