05 Декември, 2025
0.1126

ПТИЧЈИ ГРИП: ЕУ ги пофали Холандија и Велика Британија за брза реакција на вирусот

Објавено во: Агробизнис 17 Ноември, 2014 18:13

Добивај вести на Viber

Европската комисија денеска ги пофали мерките преземени во Холандија и Велика Британија, по појавата на вирусот на птичји грип во овие две земји. Во овие два случаи мерките што ги презеле националните власти се соодветни и ги следат протоколите согласно европските прописи, вели Енрико Бривио, портпарол на Европската комисија задолжен за здравство. Холандските власти отишле дури и понатаму од предвидените мерки и нема никакви знаци дека се извезува живина од таа земја. Погодениот дел во централна Холандија е веројатно најразвиениот дел од Европа кога станува збор за одгледување на живина. Птичјиот грип, кој е фатален за живината, може да ги зарази и луѓето кои доаѓаат во контакт со заболени животни. На фарма за патки во Англија исто така е откриен случај на вирусот. Фармата е излорана а 6.000 птици ќе бидат уништени. Видот на птичјиот грип Х5Н8, кој досега беше изолиран само во Азија, на европско тло најпрвин се појави во Германија. Многу е веројатно жариштата во трите земји да се поврзани и болеста да ја пренеле лебеди, кои сега патуваат на југ. Ако ова е точно, не се исклучува можноста грипот наскоро да се појави и во Франција, Шпанија и Италија. Македонските власти забранија увоз на пилешко месо и јајца од земјите каде веќе е детектирана болеста. ОФИЦИЈАЛНО: Заради птичји грип, стопиран увозот на пилешко месо од Холандија, Германија и Британија! Инаку, една 19-годишна девојка, која одгледувала живина дома, почина во Египет како последица на птичји грип. Од почетокот на годинава во Египет веќе се забележани неколку случаи на луѓе заболени од овој вирус.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?