Птичји грип во Мороишта - ризик за луѓето нема
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2017 15:43
Потврдено е дека има птичји грип во Македонија.
Првиот случај е откриен на 27 јануари. Живината е уништена и местото каде е одгледувана е дезинфицирано.
Утврдено е присуство на високозаразна болест Авијарна инфлуенца или птичји грип тип АХ5Н8 кај живина во струшкото село Мороишта, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.
Објаснува дека болеста не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана по јавното здравје. Поповски вели дека се донесени неколку мерки и прогласени две заштитини зони под надзор, каде согласно по правилникот на терен се уништува целокупната живина и производи од живина што биле во контакт. На терен се активни 30 тимови по 4 лица. „Секоја живина што ќе биде угината ќе биде обештетена. Веднаш ќе се прават записници и ќе се пополнува барањата за штета. Апелираме за максимална кооперативност од локалното население бидејќи се работи за вирус што многу брзо се шири кај живината и може да направи големи економски штети“ - кажа Поповски. Како симптоми Поповски ги наведе високата смртност и пад на несивоста. Неодамна птичји грип имаше кај живината во Бугарија.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




