Пукни Зоро!
Објавено во: Анализа 22 Јануари, 2013 08:00
И покрај сите политички потреси кои без дилема имаа влијание на берзата (видете ја дупката во горниот десен гол) сепак трендот останува јасно позитивен. Впрочем од последниот пат кога пишуваме за техничките трендови (http://faktor.mk/archives/17874) како што гледате индесот пораснал цели 30 поени и очигледно купувачите смеаат дека секој евентуален пад треба да се искористи за докупување на акциите. Добро е што трендот трае подолго време и дека растот се пкажува отпорен и на овие сериозно политички потреси, кои во овој момент делуваат како најпроблетични за иднината на берзата.
Одиме на Хрватската и Белградската берза, да видиме дали имаме прелевање на оптмизмот од северот:
По двојното дно на 1680 поени (обележано со големата црвена линија) може да забележите позитивен трендовски пресек (мала црвена линија) на 20 и 50 дневниот просек и потоа уште појасен пресек кога 20 и 50 дневниот просек го поминуваат големиот 200 дневен (таканаречен златен пресек). Сето ова е јасен технички сигнал дека биковите конечно пчнуваат да ја играат својата игра и во регионот. Хрватска значи влегува во период во кој доколку индексот успее да оди над 1800 поени ќе го потврди новиот раст.
Ова е веќе Белград, може да се каже и дека овде ситуацијата е уште појасна од Загреб. На 430 поени индесот покажува дека дното е дојдено и потоа берзата отиде силно нагоре до 560 поени. И овде како и во Хрватска и во Словенија е направен златниот пресек кој ја потврдува новата промена на трендот од негативен во позитивен.
И како и обично, нашата берза доаѓа на крајот и конечно добри вести и од дома:
Розевата и сивата линија се 20 и 50 дневните просеци на индексот. По скоро една година и нашата берза влегува во позитивен пресек. Последен пат кога се случил овој пресек се покажал како лажен (гледаде дека потовме до 1750 поени). Сепак сега климата е позитивна во целиот регион и конечно по подолго време може да се надеваме на позитивни резултати и од домашната берза.
И како и обично за крај, да ја погледнеме носечката акција на берзата:
Ова е движењето на цената на Комерцијалба Банка. Јасно е дека 2300 беше нивото на кое акцијата се одби за нагоре. Позитивното е тоа што имаме фино изразен 20/50 пресек. Можеби клучното за идното движење ќе биде финансискиот резултат кој треба да се објави некаде кон крајот на овој месец. Ќе видиме колкав краен ефект ќе има продажбата на зградата и тогаш ќе може да се калкулира и со висината на дивидендата за наредната година која можно е да биде релативно висока во случај на добар резултат. Како ниво кое треба да се внимава би определиле 2.500-2.550. Доколку акцијата успее да се одржи над овој ранг инвеститорите може да очекуваат подобри денови и кај најликвидната акција на берзата.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





