19 Декември, 2025
0.0361

Пуштени дома сите пациенти од гостиварското средно училиште

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2014 13:28

Добивај вести на Viber

Сите пациенти од гостиварското економско училиште пред неполн час се пуштени дома, соопштуваат  од Клиниката за токсикологија. Бидјеки се чувствувале добро наставниците и родителите сами се потпишале за да ја напуштат болницата. - Имаме одредени резултати кои кај сите се апсолутно во граница на референтни вредности или негативни, чекаме уште резултат од токсиколошките анализи и затоа не можеме одговорно да им кажеме да си одат дома. Но во меѓувреме, пациентите самите си заминуваат на потпис. изјави утрово за Миа д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија. Пациентите вчера се пожалиле на симптоми на труење од гас, печење во очите, гребење во грлото и проблеми со дишењето. Треба да се утврди дали труењето е од гас. - Ќе оставиме прво да ги видиме токсиколошките анализи, што е во наш домен, а другото им го оставаме на другите институции да си проверат за што се работи. За нас е најважно пациентите да се добри, да немаме влошување и животно загрозени, рече д-р Чибишев. Влезот на средното гостиварско училиште од вчера го обезбедува полицијата. Таму и денеска, екипи на крим-техника и специјални екипи вршат увид и обезбедуваат траги.

- Истрагата е во тек. Ги чекаме резултатите од крв и урина. За сега не можеме да дадеме никакви конкретни информации. Не знаеме точно за што станува збор, изјави по телефон  јавниот обвинители Ахмет Ахмеди.

Засега нема официјални информации што го предизвикало труењето, првично се знае дека лошата миризба дошла од ходникот, просторот меѓу спорстака сала и објектот во кој се училниците. Во расветлувањето на настанот се очекува да помогнат и снимките од безбедносните камери, поставени во и околу обејктот.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии