Путин бара Киев да ги запре воените операции
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2015 19:44
Рускиот претседател Владимир Путин рекол дека Киев мора да ја запре својата воена операција на истокот од Украина и да престане да врши економски притисок на регионите кои ги држат проруските сили. Тие региони, предупредува Путин се наоѓаат на „патот без излез пропратен со катастрофа“.
Путин истакнал дека најважниот услов за стабилизирање на состојбата е „итно воспоставување на примиријето и завршување на таканаречената антитерористичка, но всушност казнена операција на југоистокот од Украина“, пренесува Танјуг.
„Обидот на Киев да изврши економски притисок врз Донбас и нарушувањето на секојдневниот живот само ја влошуваат состојбата. Тоа е пат без враќање следен со голема катастрофа“, истакнал рускиот претседател во интервју за египетскиот државен весник Ахрам, пред посетата на Каиро.
Тој во тоа интервју го повторил ставот на Москва дека насилството на истокот од Украина претставува реакција на „државен удар“ во кој, со помош на Западот, демонстрантите минатата година го собориле од власт претседателот Виктор Јанукович.
„Ултранационалистите кои ја преземаа власта со помош на воена сила ја доведоа земјата на работ на пропаст и започнаа братубиствена војна“, истакнал Путин.
Заменикот на шефот на руската дипломатија Григориј Карасин, ќе отпатува во понеделникот во Берлин, а претставници на Русија, Украина, проруските сили и ОБСЕ ќе се состанат во вторникот во Минск, пред самитот во тој град наредниот ден.
Путин рекол дека самитот во среда ќе биде одржан „ако до тогаш успеат да ги усогласат нивните ставови“, пренесува Ројтерс.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




