17 Декември, 2025
0.0472

Путин е загрижен поради Укрaина!

Објавено во: Свет 02 Февруари, 2015 20:20

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин исклучително е загрижен поради состојбата во Доњецкиот регион и ги повикува страните во конфликтот да ги прекинат борбите.

„Претседателот е исклучително загрижен поради развојот на состојбата во Донбас каде непрекинато траат борбите и ги повикува сите страни во конфликтот неодложно да ги прекинат борбените дејствија и секое насилство“, рекол портпаролот на Путин Димитриј Песков.

Во изјава за руската државна агенција еден анонимен претставник на Кремљ рекол дека се согласува со цврстата позиција која на неодамнешните разговори во Минск ја завземале преставниците на самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, како и со нивните денешни изјави.

Претставникот на ДНР Денис Пушлин рекол дека досегашните преговори со Киев „биле имитација“ и дека за престанок на борбите е потребно украинскиот претседател Петро Порошенко да нареди прекин на пукањето на цивилното население во Доњецк и офанзивата на украинските сили.

Руските агенции ја пренесуваат изјавата на Пушлин дека во Донбас  во конфликтот загинале 7000 лица, од кои 90 одсто се цивили.

Исто така, лидерите на ДНР и ЛНР, Александар Захарченко и Игор Плотнички го обвиниле Порошенко за прекин на преговорите на Контакт-групите во Минск.

„Со силата на оружјето невозможно е да не победите. Ние ја имаме силата на духот! Ова е нашата земја“, рекол Захарченко.

Захарченко и Плотнички рекле дека Киев на преговорите на Контакт-групата треба да упати свој овластен претставник.

„Европа нека го принуди Киев да ја симне маската. Бараме официјален претставник од властите на преговорите“, рекол Захарченко, додека Плотнички изјавил дека предлогот на Киев за враќање на линијата на разграничувањето по Протокол од Минск од 19 септември минатата година е обид на измама поради приморување на востаниците да се повлечат од нивните позиции

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“