Путин ја критикува својата Влада: Дали сте нормални?
Објавено во: Агробизнис, Свет 04 Февруари, 2015 18:00
Претседателот на Русија Владимир Путин јавно ја критикувал својата влада што дозволила да бизнис спор да го загрози одвивањето на железничкиот сообраќај во руска провинција.
Путин наложил сообраќајот повторно да биде воспоставен.
Патничките возови, се клучна сообраќајна врска помеѓу малите градови и села, бројно се намалени во низа региони во изминатите неколку недели, додека во еден регион од нив целосно се откажале.
Локалната власт не успеала да пронајде заеднички јазик со железничката околу тоа кој треба да ги покрие растечките трошоци на економкски неисплатливите возови.
Решен да ги спречи протестите, Путин денеска остро ја нападнал владата бидејќи дозволила ова да се случи, пренесува АП.
„Дали сте нормални или полудевте? Ова е несериозно. Ова влијае на илјадници луѓе“, рекол Путин на телевизија.
Возовите се суспендирани и на новите рути во Сочи, изграден за Зимските олимписки игри 2014.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





