16 Декември, 2025
0.0284

Путин ја вади Грција од мочуриштето, но со инвестиции, не со помош

Објавено во: Балкан 08 Април, 2015 21:37

Добивај вести на Viber

Средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва со рускиот претседател Владимир Путин не доведе до доделување на руски милијарди за задолжената кон Запад Атина. Путин сепак налеа вода во воденицата на приврзаниците на теоријата за руските тројанци во ЕУ, нудејќи големи инвестиции во грчката индустрија и инфраструктура.

„Грција не ни барала помош, но можеме да пуштиме кредити за заеднички проекти во различни економски сектори“, изјавил Путин.

Руски компании имаат интерес за пристаништа, аеродромите и нафтоводите во Атина, но „СИРИЗА“ треба да реши дали ќе има приватизација и дали ќе дозволи Русија да учествува во неа на една нога со ЕУ и САД. Путин го поканил Ципрас да ја приклучи Грција во гасоводот „Турски поток“, кој сакал да го претвори во европски гасен центар и да донесе вреден капитал и нови работни места.

Председателот на Кремљ изјавил дека нема да прави исклучок за Грција во однос на контрасанкциите против ЕУ поради Украина. Но билатералната соработка во земјоделството, сепак може да се прошири - преку заеднички вложувања. „Русија нема да ги користи контактите со одделни еврочленки, за да се обиде да ги реши проблемите со ЕУ како целина“, додал Путин.

Ципрас изјавил дека патот на санкциите е маѓепсан и дека Грција не се согласува со таа логика зашто е суверена земја која има право да води суптилна надворешна политика.

Германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел го нарече „глупаво“ барањето на Грција од Берлин да и исплати 279 милијарди евра репарации за нацистичката окупација, бидејќи нема да им помогне на Атина да добие повеќе бенефиции.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството