17 Декември, 2025
0.0517

Путин лош како Милошевиќ, ама поголем

Објавено во: Свет 02 Февруари, 2015 12:54

Добивај вести на Viber

Во текст за кризата во Украина, британскиот „Гардијан“ го споредува рускиот претседател Владимир Путин со поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ. „Путин е Милошевиќ за поранешниот Советски Сојуз, подеднакво лош, ама поголем, а зад завесата од лаги тој сака да воспостави марионетска парадржава на истокот на Украина“, се наведува на самиот почеток на текстот. Новинарот на Гардијан Тимоти Гартон Еш вели дека Европа е презафатена со слушувањата со Грција и заканата дека би можела да си замине од еврозоната, и поради тоа дозволува на нејзината територија да се случува „втора Босна“. „Разбуди се Европо, ако барем нешто си научила од своето минато“, пишува Еш, додавајќи дека „Путин мора да биде сопрен“. „Како и Милошевиќ, Путин е спремен да го искористи секој инструмент кој го има при рака, без какви било ограничувања. Во неговата војна против Западот, тој користи тешко вооружување, уцени, сајбер напади, софистицирана медиумска пропаганда, тајни операции...“, вели Еш во текстот. Според него Путин создава параноја за која не постојат факти, а како пример ја посочува изјавата на Путин пред студенти во Санкт Петербург дека украинската војска не е украинска, туку легија на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“