Путин отвори ново наоѓалиште на гас во Сибир кое ќе ја снабдува Кина, што е целта?
Објавено во: Свет 21 Декември, 2022
Полето Ковиктинско ќе стане најголемото наоѓалиште на гас во Сибир, а најважната рута за транспорт на гас ќе работи со полн капацитет, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на церемонијата на официјалното пуштање во употреба на споменатото наоѓалиште и на новиот дел од „Моќта на Сибир“ гасоводот.
Според него, почетокот на експлоатацијата на локацијата ќе даде сериозен поттик за развојот на источните региони на Русија, пренесува Спутник.
Директорот на Гаспром, Алексеј Милер, оцени дека по почетокот на експлоатацијата ќе се создаде најмоќниот комплекс за производство и транспорт на гас во Источен Сибир и рускиот Далечен Исток.
За транспорт на гас од наоѓалиштето Ковикта до „Моќта на Сибир“, изградена е делницата „Ковикта-Каханда“, долга 804 километри, втората делница од гасоводот „Моќта на Сибир“ со која се транспортира гас во Кина.
Првите испораки на руски гас за Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“ започнаа на крајот на 2019 година, а следната година испораките достигнаа 4,1 милијарди кубни метри гас, а во 2021 година тие ќе се зголемат за 2,5 пати - на 10,5 милијарди кубни метри .
Се проценува дека вкупниот обем на испораки ќе се зголеми на 48 милијарди кубни метри гас годишно, а земајќи го предвид рускиот гасовод „Моќта на Сибир 2“ и неговото продолжување низ Монголија - гасоводот „Сојуз Восток“ - извозот на гас во Кина може да се зголеми за уште 50 милијарди кубни метри годишно.
FOTO: EPA
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.