16 Декември, 2025
0.0392

Путин предвидува враќање на Русија со раст до 2 години

Објавено во: Економија, Свет 16 Април, 2015 19:54

Добивај вести на Viber

Четири часа Владимир Путин одговораше денеска на речиси 70 прашања во директна линија, без да им понуди на своите сонародници ниту една нова идеја или политика која ќе и помогне за извлекување на земјата од економската криза и меѓународната изолација, во која пред една година ја постигна агресивната политика кон Украина и анексија на Крим.

На годишната „Директна линија“, во која тој одговараше на претходно испратени прашања, како и на такви запишани директно во студиото на националната телевизија, Путин повторно ја фрли вината на Западот и санкциите за економските проблеми, слабата рубља, високата инфлација и паѓањето на приходите и инсистираше на тоа дека Русија ќе одолее на притисоците и никогаш нема да отстапи.

Претседателот и централната банка

Запрашан дали сè уште ја држи својата прогноза дека до две години економијата ќе се врати на раст, претседателот рече: „Со оглед на она што го гледаме во моментов, зајакнувањето на рубљата и растот на пазарите ... Мислам дека дури може да се случи и побрзо (...), но, да - некаде во рок од две години.“ Рубљата, која минатата година изгуби 40% од менувачката вредност во однос на доларот, во последниве недели се зајакна, а нафтата исто така, почна да поскапува, но е дискутабилно дали тоа има врска со политиката на Путин и релативно стабилното примирје во источна Украина.

Предвидувањата на централната банка на Русија се дека во 2015 година економијата ќе се намали со 3.5-45 и со 1-1.6% догодина. Но со патриотски тон 62-годишниот претседател рече дека антикризните мерки се движат според предвиденото, а економијата и Русите покажаа издржливост. Владата предвидува намалување за 10% на буџетските трошоци во речиси сите сектори, но Путин ги смири граѓаните дека неговиот тим ќе се обиде да не им предизвикува премногу тешкотии.

„За водењето на компетентна економска политика човек треба да ја користи главата, но ако сакаме луѓето да ни веруваат, треба да имаме и срце. Треба да го чувствуваме како живеат обичните луѓе.“

Но изградениот од Путин систем на управување го направи животот на обичните луѓе силно зависен од тоа што ќе одлучи или каже лично тој. Ројтерс наведува во овој дух дека едно од прашањата од публиката беше од жена која го моли претседателот да го убеди нејзиниот сопруг да и овозможи да си земе куче.

Судирот со Кудрин

Поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин рече по предавањето дека е „жално е тоа дека во однос на поддршката кон претприемачите без решение од претседателот ништо не може да се помести или нема да мрдне, или ќе остане на место“.

Според него Путин ги фрла сите ваши напори во тоа да се излезе од кризата за две години по досегашниот модел на управување на економијата и земјата, но проблемот е што да се прави тогаш. „А во таа смисла Владата нема програма“, коментира Кудрин пред „Интерфакс“.

Запрашан дали тој самиот би се вратил во кабинетот, Кудрин изјави дека ова е исклучено, бидејќи не се согласува со сегашната политика“, со која може и да се излезе од кризата, но не и да се надмине стагнацијата“.

Меѓу Путин и Кудрин имаше краток судир за време на директниот пренос, кога поранешниот министер за финансии го праша зошто економијата растела со 7% годишно при неговиот прв мандат и 30 долари за барел цена на нафтата, а сега нафтата е доста поскапа, но растот нема да надмине 1,5%. Уделот на Русија во светската економија ќе се намалува, а претседателскиот економски совет работи без мерак, рече Кудрин.

Во одговор Путин му напомена дека лично учествувал во програмата за развој на Русија до 2020 година, активна и во моментов. „И ако нешто со вас сме пропуштиле, тогаш сигурно вината ни е заедничка, вклучувајќи дека и вие сте виновен“, рече Путин.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност