17 Декември, 2025
0.0708

Путин: Русија не сака војна со никого, туку соработка

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2015 21:09

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „нема намера да води војна со никого“, еден ден по разговорите за решавање на украинската криза со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел.

„Со никого не сакаме да војуваме. Ние сакаме да соработуваме со секого“, изјави Путин, а неколку часа претходно Оланд изјави дека мировниот план е „последната шанса да се избегне војната“.

Никаква информација за содржината на вчерашните разговори не е објавена после по состанокот на тројцата лидери во Кремљ.

Потпаролот на Путин Дмитри Песков истакна дека разговорите се во „тековната работа на нацрт-текстот на можни заеднички документ за имплементација на договорот од Минск, кој ќе вклучи предлози на претседателот на Украина Петро Порошенко и Владимир Путин“.

Фала му на Бога, нема војна, но сигурно е дека се обидуваат да го спречат нашиот понатамошен развој“. Постои обид да сезамрзне “светскиот поредок само со еден светски лидер, кој беше инаугуриран последните децении по падот на Советскиот Сојуз“, рече Путин.

„Тој лидер смета дека може се да си дозволи, но на другите не им дозволува ништо без негово одобрение, иако тоа не е во негов интерес. Таквиот светски поредок не и одговара на Русија“, изјави Путин, додавајќи дека неговата земја „не може да живее во ситуација на полу -окупација.

Поради конфликтот во источниот дел на Украина, кој започна пред десетина месеци, и кои однесоа повеќе од 5.300 животи, односите меѓу Русија и Западот се на најлошо ниво од крајот на Студената војна.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“