16 Декември, 2025
0.0411

Путин сака да ги забрза работите на еден важен проект

Објавено во: Свет 02 Септември, 2014 20:39

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин  со хеликоптер изврши увид на градежните работи за изградба на новиот космодром на рускиот далечен Исток, во близина на границата со Кина. Космодромот во Восточњи треба да ја намали зависноста на Русија од казахстанскиот Бајконур и да ги овозможи идните мисии до Месечината и до Марс. Изградбата на оваа вселенска лансирна станица е дел од плановите на Путин за модернизација и реформа на некогаш успешната вселенска индустрија на Русија, која во моментот е на колена заради огромните буџетски кратења и одливот на експерти во текот на 90-тите години на минатиот век. „Нашата сопствена вселенска инфраструктура и мрежа на модерни космодроми ќе ни овозможи Русија да го зајакне статусот на водечка вселенска суперсила и ќе ја гарантира независноста на вселенските операции“, смета Путин, Сепак, тој не е задоволен од динамиката со која се одвиваат градежните работи. Обраќајќи им се на надлежните за овој амбициозен проект, тој им предочи дека работите на космодромот доцнат речиси три месеци и дека бројот од 6.000 работници кои во моментот работат на изградбата е за половина помал од потребниот. „Капацитетот на космодромот во иднина ќе се прошири за да може да се користи за програмите за истражување на Месечината, Марс и другите вселенски тела“, најави Путин. Русија веќе вложи 100 милијарди рубљи (над две милијарди евра) во овој проект, а има намера да потроши уште 50 милијарди рубљи.  

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“