29 Септември, 2024
0.0281

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ПРЕД ДУМАТА: Се обидовме да решиме сѐ по мирен пат, но западните лидери замижуваа пред злоделата на режимот во Киев

Објавено во: Свет 21 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати пред Думата на годишнината од војната во Украина. 

Како што истакнува рускиот претседател, руското население, како и оние во Донбас, ја поддржуваат „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува војната во Украина.

Тој им се заблагодари на жителите на Донбас, Запорожје и Херсон, што на референдумот одлучија дека сакаат да бидат дел од Русија.

Подоцна, тој се осврна на војниците и нивните семејства.

„Разбираме дека е многу тешко за сопругите, ќерките и синовите на нашиот воен персонал. Тие ги воспитуваа хероите на Русија. Наша должност е да ги поддржиме, особено оние кои ги загубија членовите на семејството. Предлагам да се формира специјална државен фонд кој би им помогнал на семејствата на загинатите“, рече тој.

Се осврна и на Западот.

„Зборуваме за постоењето на нашата земја. Тие мора да разберат дека е невозможно да се победи Русија на бојното поле. Тие ги корумпираат нашите деца и ја искривуваат историјата. Тие се борат против нашата култура и нашата религија. Погледнете што направија од нивната култура и деца. Дури и педофилијата е нормална работа на Запад“, вели Путин, додавајќи дека сега „самиот ѓавол ќе го употребат против Русија.

Како што вели претседателот на Русија, неговата земја не војува против Украинците, туку против западните сили на територијата на Украина.

„Ние не војуваме против народот на Украина, тие се заложници на Западот. Тие ги ограбуваат со децении, резултатот е сиромаштија и нееднаквост. Тие ги претворија луѓето во потрошен материјал, страшно. Тешко е да се зборува за тоа“.

Потоа испрати порака:

„Колку повеќе западни воени системи пристигнуваат, ние ќе мораме да ги одвратиме од нашата територија. Тие сакаат локалниот конфликт да го претворат во глобален конфликт.

„Во 1930-тите Западот им го отвори патот на нацистите до власт во Германија, а тие ни го прават истото. Секој што ја познава историјата знае дека проектот потекнува од 19 век, со една цел - да се одделат историските територии како Украина од нашата земја. Западот го протурка тој проект преку државен удар во 2014 година. Крвавиот пуч за кој се преправаа дека не се случил. Тоа е русофобија“, вели Путин.

„Тие ја започнаа војната“

„Испративме безбедносни гаранции до САД и НАТО, но добивме одбивање. Тогаш беше јасно дека тие имаат агресивен план од кој не планираа да се откажат. Во февруари 2022 година беше јасно дека се подготвува нов напад на Донбас“, истакна претседателот на Русија.

Како што тврди тој, тој регион претходно го трпел „теророт“ на режимот во Киев.

„Сакам да нагласам, тие ја започнаа војната, а ние користиме сила за да ја запреме“, нагласи Путин и рече дека Украина договорила испорака на нуклеарно оружје од Запад.

Путин зборуваше и за Југославија.

„Тие си играа со животите на луѓето и ги уништија Југославија, Либија и Сирија без совест и никогаш нема да можат да го измијат тој срам“, рече Путин за Западот.

„Ова е тежок период за нашата земја и историски настани кои ќе ја одредат нејзината иднина. Имаме огромна одговорност. Пред една година, поради заштитата на луѓето на нашите историски територии и заканата од нацистичкиот режим во Украина, донесена е одлука за специјална воена операција“, рече Путин на почетокот и додаде: „Се обидовме да решиме сè по мирен пат, но зад нашиот грб западните лидери се одговорни за друго сценарио. Тие одолговлекуваа и замижуваа пред убиствата и злоделата на режимот во Киев.

Кога Владимир Путин влезе во салата, беше пречекан со аплауз од пратениците на Думата, министрите и другите функционери.

Нова.рс

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот