16 Декември, 2025
0.0269

Путин задоволен од руско-грчките разговори

Објавено во: Балкан 09 Април, 2015 08:50

Добивај вести на Viber

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков изрази задоволство на државниот врв од спроведените вчерашни руско-грчки разговори, пренесоа агенциите.

Со задоволство се коментира позитивен тон на разговорот, дискусијата на многу прашања и заеднички цели, меѓусебната декларирана желба за соработка.

Песков потсетува дека додека во 2013 година Рисија била трговски патнер број 1 на Грција, тогаш во 2014, обемот на трговија се намалил, но се работи на враќање на старите позиции.

Путин одржа средба во четири очи со грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на која разговарале за изгледите за реализација на големиот инфраструктурен проект, наречен "Турски поток".

Според зборовите на рускиот претседател, "Турски поток" може да се соочи со енергетските потреби на Европа и да привлече инвестиции во грчката економија.

"Новата рута на гасоводот ќе ги обезбеди потребите на Европејците од гориво, а и ќе и овозможи на Грција да стане еден од главните дистрибутивни центри на континентот, може да помогне во привлекувањето на значителни инвестиции во грчката економија", изјави Путин.

Рускиот претседател додал дека Грција може да заработува стотици милиони евра годишно од транзит на гас, ако се приклучи кон проектот за гасоводот "Турски поток".

За возврат Ципрас рече дека Атина била заинтересирана за привлекувањето на инвестиции за изградбата на гасоводот на грчка територија од турската граница.

Ципрас коментира уште дека економската војна, предводена од Европската унија против Русија, може да доведе до нова Студена војна, и како Атина ќе се обиде да стане "преговарачки мост" меѓу Европа и Русија за решавање на овој проблем.

Грчкиот премиер додал дека Грција "отворено не ги одобрува" европските санкции против Русија.

Грција може да ги користи приходите од потенцијални заеднички проекти со Русија за исплата на својот долг кон меѓународните кредитори, посочил уште Путин.

Двајцата ја дискутирале можноста за лансирање на големи проекти во енергетскиот сектор, и Русија била отворена за можноста да и обезбеди заеми на Грција за овие заеднички проекти.

Атина не ја молела Москва за финансиска помош, увери Путин.

Според зборовите на Путин руски компании се заинтересирани да инвестираат во Грција, особено во пристаништа, аеродроми и нафтоводи.

Руски компании се подготвени да учествуваат во приватизацијата на грчките индустриски гранки и инфраструктура, ако приватизациските услови не се полоши од оние кои други компании ќе ги добијат, изјави Путин.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството