РАБОТА ОД ДОМА ПРЕД ПАНДЕМИЈАТА: Кој и каде најчесто работи на овој начин?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Април, 2020 06:57
Во 2019 година, 5,4 oтсто од вработените луѓе во Европската унија (ЕУ) кои биле на возраст од 15-64 години изјавиле дека работат од дома, покажуваат податоците на Евростат.
Сега поради пандемијата на коронавирусот, луѓето се принудени да работат на овој начин, но бројките се однесуваат за периодот пред тоа.
Жените почесто работат од дома, за разлика од мажите.
По возрасни групи, 6,6 отсто од оние на возраст меѓу 50-64 години обично работеле од дома, исто како и 5,2 отсто од лицата на возраст меѓу 25-49 години.
Само 2,1 отсто од помладите луѓе, на возраст меѓу 15-24 години, изјавиле дека работат од дома.

Холандија и Финска се најдоа на врвот на листата на земји членки на ЕУ кои се лидери со работа од дома, со 14,1 отсто од вработените лица кои работеле од дома во 2019 година.
По нив следуваат Луксембург и Австрија каде 11,6 и 9,9 отсто, работеле од дома.
Зад нив се Данска, Ирска, Франција, Белгија, Естонија, а потоа следи Словенија.
Во Германија нешто повеќе од 5 отсто од луѓето работат онлајн.
Во Швајцарија помалку од 4 отсто работниците ги обавуваат обврските од дома.
Во Македонија поради ширење на коронавирусот на фирмите им беше препорачано доколку можат да работат од дома. Сепак, не се знае колку работници вообичено работат од дома.
„Кај нас сѐ почесто има огласи во кои се нуди работа од дома. Има луѓе кои пробале, има луѓето кои се задоволни или не се, како и во секоја друга работа. Ние сме социјални битија, и луѓето сакаат да одат на работа и да бидат дел од тој работен процес, но оние кои се на периферија повеќе им одговара да работат онлајн“, вели Донка Спасовска, сопственичка на агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“.
На стариот континент, најниски стапки на вакво работење се забележани во Бугарија (0,5 отсто), Романија (0,8 отсто), Унгарија (1,2 отсто), Кипар (1,3 отсто), Хрватска и Грција со 1.9 отсто.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





