РАБОТА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА: Работат од дома, но за помали плати
Објавено во: Економија, Корона Вирус 14 Јануари, 2021
Пандемијата го зголеми бројот на луѓе кои работат од дома за пониски плати.
Тие заработуваат за 13 проценти помалку од другите вработени во Обединетото Кралство, за 22 проценти помалку во САД, за 25 проценти помалку во Јужна Африка и за околу 50 проценти помалку во Аргентина, Индија и Мексико.
Растот на бројот на луѓето кои работат од дома ги истакна лошите работни услови со кои тие се соочуваат. Нивниот број пред кризата беше околу 260 милиони луѓе ширум светот, што претставува 7,9 проценти од глобалната вработеност, а 56 проценти од нив (147 милиони биле жени). Во првите месеци од 2020 година, се проценува дека еден на секои пет вработени, работел од дома, стои во Извештајот на Меѓународната организација на трудот (МОТ).
МОТ препорачува за индустриските работници кои работат од дома да се олесни нивниот премин во формална економија со проширување на правната заштита, генерализирање на договорите во писмена форма, обезбедување пристап до социјална заштита.
Во многу земји во светот невработеноста порасна поради пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.