Работењето во штипската болница и под лупа на стручен надзор од Министерството за здравство
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2020
По вчерашниот
случај, кога почина пациентка на Инфективното одделение во болницата во Штип,
Државниот здравствен и санитарен инспекторат, направи вонредна инспекција при
што е земена целата документација за хоспитализираната пациентка.
-Вчера по смртта на 41-годишната пациентка, Државниот санитарен и здравствен инспекторат направи вонредна инспекција во Клиничката болница во Штип, по што со решение му е наредено на директорот Ален Георгиев да ја свика Комисијата за следење на квалитет. Оваа Комисија која е во рамки на самата болница треба да ја утврди фактичката состојба за лекувањето на пациентката. Директорот на болницата има рок од три дена писмено да го извести Инспекторатот за тоа што ќе утврди Комисијата за следење на квалитет, но освен што оваа Комисија ќе го преиспитува случајот, ДСЗИ иницира и стручен надзор од Министерството за здравство, кој дополнително ќе го утврдува работењето. Станува збор за многу деликатна ситуација, изјави за Фактор, д-р. Ирина Бухова, директор на ДСЗИ.
Овој случај ја крена на нозе македонската јавност, откако вчера семејството на починатата пациентка на социјалните мрежи обелодени дека таа не ја добила потребната медицинска помош дури и во последните обиди да и биде донесена боца со кислород.
Директорот на болницата, вчера во изјава за Фактор рече дека досега неколку пати се има случено со празните боци кислород, дел од персоналот да изнесе и 2-3 полни боци.
-Персоналот ги изнесува празните боци со кислород долу пред инфективното одделение, односно пред вратата, каде што чека камионот кој ги носи боците за да ги наполни и да ги врати повторно полни. Дали станува збор за грешка да се изнеса и 2-3 полни боци, дали е намерно или ненамерно, ќе утврдува инспекција, вели во вчерашната изјава за Фактор, д-р. Горгиев.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.