26 Мај, 2024
0.0563

Работите ноќна смена? Се изложувате на опасност!

Објавено во: Економија 13 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Луѓето чија работа вклучува ноќни смени по кои се преморени, но не можат да заспијат, во никој случај не смеат да се потпираат на таблети за спиење, предупредува германскиот психолог Хилцраут Паридон. Користењето на таблети може да ги направи психички зависни, па како здрав метод таа препорачува релаксација. „Дали ќе се работи за шолја чај, кратко читање весници или туширање, секој мора да пронајде за себе што му одговара“, вели Паридон, според која мирното опкружување и затемнетата просторија се важни за добар дневен сон. „Работата во смени никогаш не е здрава... нашите тела не се створени за работа ноќе“, додава таа, наведувајќи дека негативните последици од работата во ноќни смени се и психички, и физички, и социјални. Некои луѓе полесно ја поднесуваат ноќната работа од други, но никој не би смеел да работи ноќе во подолг период. Ритамот на телото го следи ритамот од 24 часа, а хормонот за спиење се излачува главно ноќе. Затоа на луѓето кои работат ноќе им се нарушува и дневниот ритам. „Многу работници во ноќна смена страдаат од нарушување на сонот. Не можат да заспијат или не можат да спијат подолго дење“, вели Паридон, според која многу болести како кардиоваскуларните и проблемите со варењето можат да се поврзат со работата ноќе. Работниците во смени генерално се хранат помалку здраво, пушат и помалку вежбаат од луѓето кои работат во текот на денот. За ова, Паридон советува на работа да се носи здрава храна подготвена дома. Лошите ефекти од ноќната работа се и од социјална природа, бидејќи овој тип работа влијае на социјалните контакти и може да доведе до општествена изолација. Затоа работниците во смени треба редовно во својот распоред да внесуваат време за средби со семејството и пријателите, но и да остават доволно време за одмор.  

Можеби ќе ве интересира

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе