РАБОТНИЦИ НИ ЗА ЛЕК: Се надеваат на српски, бугарски, романски кадри
Објавено во: Финансии 09 Септември, 2017 08:36
Во моментов, просечната месечна бруто-плата во Чешка е 1.128 евра, а во Прага, каде што трошоците за живот се највисоки, просечната бруто-плата e 1.424 евра.
Kомпаниите во земјата очајно бараат работници, па затоа се насочуваат кон работници од Украина, Романија, Бугарија, Србија и Монголија.
Работодавците преку агенцијата за работа во текот на август понудиле 199.273 слободни работни места.
Со најниска стапка на невработеност, од 2,6%, може да се пофали плзењскиот регион, што се наоѓа на запад, како и главниот град Прага, каде што е забележана стапка на невработеност од 2,9%. Најголемиот дел од невработените, 6,1%, се од устецкиот регион на север и моравско-шлезискиот дел од земјата.
Вработувањето по завршувањето на студиите не им создава голема главоболка на младите Чеси.
Мнозинството Чеси, како што покажуваат истражувањата на центарот за социолошки анализи „Стем“ во Прага, сметаат дека во државата невработени се само оние кои не сакаат и не се заинтересирани да работат. Изборот на работни места во домашните компании, индустријата и странските фирми, од најдобро платените во ИТ секторот, до поскромните за работа во маркетите е голем.
Тие имаат одлив на лекари, но во Германија.
Според методологијата на Заводот за статистика, кога ќе се земат предвид и Чесите во продуктивните години што не бараат работа и не планираат да работат, невработеноста во Чешка паѓа на дури 2,9%.
Во август стапката на невработеност во Чешка паднала за 4%, што е најниската стапка на невработеност во последните 20 години.
За едно слободно работно место сега конкурираат 1,5 невработени. Во споредба со јули, стапката на невработеност се намалила за 0,1% до 4%, а агенцијата за вработување во Чешка, земја со повеќе од 10 милиони луѓе, регистрирала само 296.826 невработени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави





