26 Ноември, 2024
0.0295

РАБОТНИЦИТЕ НЕМА ДА ИМААТ НИКАКВА ГАРАНЦИЈА - Трендафилов: Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате Законот за работни односи

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Работниците нема да имаат договор за вработување, нема да можат да подигнат кредит, нема да имаат никаква гаранција.

Со овие зборови претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов ги опиша промените кои ќе ги донесат најавите за носење Предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности.

Трендафилов истакна дека недозволиво во земја кандидат за членство во Европската Унија да се формализира неформалната економија. 

Според претседателот поразително е да се предлага закон со кој ќе се елиминира Законот за работни односи. Со ваквото законско решение, како што посочи, работниците стануваат модерни робови на кои ќе им се плаќаат придонеси од околу 290 денари дневно, а работодавачот ќе ги ангажира и отпушта кога сака. 

- Недозволиво е во Македонија во 21 век, во земја кандидат за членка на ЕУ, да враќаме и да формализираме неформална економија. Зошто? Заради тоа што сакаме се што е незаконско во ова општество да го озакониме и на таков начин да кажеме дека повеќе немаме незаконски појави. Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате Законот за работни односи. Поразително е да давате изјави и да кажувате дека ваквото законско решение ќе се рашири опфатот на сите други работни места, односно на сите други дејности - изјави Трендафилов, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

За ССМ е недозволиво дополнително да се усложнуваат работите во услови кога работодавачите одбиваат да издадат дури и решение за секое користење на годишен одмор на работниците.

- Сакаат да дадат едно решение годишно, а сега ќе ги вработуваат на дневна основа. Патем тие работници нема да имаат договор за вработување, немаат да знаат што со нивната егзистенција, нема да можат да подигнат кредит, нема да имаат никаква гаранција за нивното семејство. Ако законот се применува на таков начин, предлагачите нека пробаат први, па нека кажат како е, изјави Трендафилов.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик