26 Ноември, 2024
0.0267

РАБОТНИЦИТЕ ВО „ФЕНИ“ ТРИ МЕСЕЦИ БЕЗ ПЛАТА: бараат што побрзо да се најде нов инвеститор

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Работниците на „Еуроникел индустри" не сакаат само дел од вработените, стотина лица да работата на одржување на печката на фабриката, како што предложила банката доверител, која е и нов сопственик на комбинатот. Тие бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа, изјави денеска претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство, Игор Герасов, повторувајќи ја неизвесноста за околу 800 работници и многу други соработници на компанијата. 

- Нашиот став е веќе познат, што побрзо да се најде инвеститор, за фабриката да може да продолжи да работи. Банката доверител ја активираше хипотекарната гаранција, сега таа е сопственик на комбинатот. Странските газди веќе не раководат со фабриката, работниците се оставени сами на себе. Предлог на банката беше да останат сто луѓе на работа да ја одржуваат печката за просечни плати, додека да се најде инвеститор - појасни Герасов. 

Тој нагласи дека сите работници апелираат до банката, да се изнајде решение и побрзо да дојде инвеститор. 

- Како што сум информиран од банката, во финални разговори се со некој инвеститор и се надеваат на потпишување на договор, што е можно побрзо. За да може компанијата да продолжи со работа - нагласи Герасов.  

Тој  додаде дека работниците немаат земено три плати. 

Во изминатиот период, вработените во поранешно „Фени" неколку пати протестираа барајќи фабриката да се врати во живот, нагласувајќи дека со децении таа беше гигант и важен субјект за тиквешката и македонската економија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија