Добивај вести на Viber
Едно американско истражување открило дека на интервјуата за работа поголеми шанси имаат оние кои имаат слични карактеристики на работодавецот.
И покрај бројните дискусии во компаниите за потребите за различни профили на вработените, се чини дека сепак пожелни се одедени луѓе, нагласува професорот по социологија Лорен Ривера од американскиот институт кој го водел ова истражување, а чии резултати ги објави францускиот весник „Монд“.
Во студијата се истакнува дека при интервјуто за работа, многу често како критериуми при изборот се земаат сличноста и блискоста со работодавецот.
При истражувањето во фокус биле кандидати за адвокатска работа во советодавни кабинети во компании и инвестициони банки, што значи дека сите кандидати доаѓаат со одлични препораки и престижни дипломи, така што субјективните оценки често се пресудни.
„Дали кандидатот сака алпинизам, свира виолина или е љубител на хорор филмови, многу често е поважно отколку неговата диплома“, оценува професор Ривер и наведува пример на кандидат кој ги поседувал најдобрите можни квалификации, но изјавил дека сака литература од 18 век и авангардни филмови, поради што не бил повикан на второ интервју.
Студијата не открива ниту една свесна стратегија во преферирањето кандидати кои се слични на работодавецот, но во секој случај ја нагласува доминацијата на субјективниот избор.
Во заклучокот на студијата се наведува дека кооперативнсота и способноста за интеграција е пресудна во шансите за работа.