„РАДЕ КОНЧАР ТЕП“ МОЖЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ „АПАРАТНА ТЕХНИКА“ - КХВ даде „зелено светло“ за понудата, еве по колку ќе се откупуваат акциите
Објавено во: Економија 26 Септември, 2025 10:50
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија издаде дозвола на „Раде Кончар – Трансформатори и електрични постројки ТЕП ДООЕЛ Скопје“ да даде понуда за преземање на „Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје“.
Фактор веќе објави дека раководството на Раде Кончар-ТЕП е со намера да објави понуда за целосно преземање на Раде Кончар – Апаратна техника. Подготвени се да платат по 2.435 денари за акција.
На 67-ма седница на КХВ одржана на 25 септември 2025 година, со која претседаваше претседателката м-р Бујаре Абази, беше донесено решение со кое се овозможи преземањето на компанијата.
- Понудата се однесува на сите 151.709 обични акции со право на глас издадени од „Апаратна техника“, освен на 51.557 акции кои веќе се во сопственост на преземачот и поврзаните лица, како и на 2.964 акции на кои има регистрирано ограничување на правото на глас.
Според податоците во проспектот, преземачот се обврзува да ги откупи сите расположливи акции по цена од 2.435 денари за акција.
Рокот за прифаќање на понудата започнува со нејзиното прво јавно објавување и ќе трае 28 календарски дена - се посочува во извештајот на КХВ.
Во понудата не е утврдено минимално количество на акции кое мора да биде прифатено за да се смета процесот за успешен, што значи дека сите акционери имаат можност да ја прифатат понудата во целост.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





