28 Јануари, 2023
0.0222

Радев: Ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на антибугарската омраза во РСМ

Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев денеска со нови укажувања за нашата земја поврзани со најавите за забрана за влез во земајва, но без осуда на изјавата на Европратеникот Ангел Џамбаски.

- Веќе не е доволно институциите на РСМ да докажат дека не се дел од антибугарската кампања. Крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања - рече претседателот Румен Радев по повод говорот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој посочи дека е можна забрана за влез во земјата на бугарски европратеник и други граѓани на Бугарија.

Радев, пак, потсети на неговиот став дека правата на македонските Бугари треба да се заштитат во Уставот на земјата и дека тоа треба да биде задолжителен услов за почеток на преговорите.

- РСМ не ги ни почна преговорите. Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што ќе се водат овие преговори - посочи претседателот и додаде дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на антибугарската омраза во РСМ.

Претходно Џамбаски провокативно преку социјалните мрежи му возврати на претседателот Стево Пендаровски за предлогот за забрана за влез на бугарскиот политичар  во земјава. Според Џамбаски, забраната нема да ја избрише вистината дека Македонија била и е бугарска. 


Можеби ќе ве интересира

Четворица хрватски морепловци во притвор зошто овозможиле бегство на јахтата на Усманов

Четворица хрватски морепловци во притвор зошто овозможиле бегство на јахтата на Усманов

Албанската мафија инсталирала 39 тајни камери во Корча и Подградец за да ја следи полицијата

Албанската мафија инсталирала 39 тајни камери во Корча и Подградец за да ја следи полицијата

ЈАГМА ЗА ОВАА РАБОТА ВО СРБИЈА - заработуваат дури и повеќе од програмерите, а немаат фиксно работно време

ЈАГМА ЗА ОВАА РАБОТА ВО СРБИЈА - заработуваат дури и повеќе од програмерите, а немаат фиксно работно време

ПУТИНОВИОТ ПРОПАГАНДИСТ ГО ФАЛИ МИЛАНОВИЌ - „Тоа не го кажува било кој, туку претседателот на Хрватска“

ПУТИНОВИОТ ПРОПАГАНДИСТ ГО ФАЛИ МИЛАНОВИЌ - „Тоа не го кажува било кој, туку претседателот на Хрватска“

ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Службите спасуваа луѓе од лифтови и сечеа дрвја

ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Службите спасуваа луѓе од лифтови и сечеа дрвја

Градоначалникот на Белград купил вила во Трст за 820 илјади евра - НЕ БИЛА ПРИЈАВЕНА

Градоначалникот на Белград купил вила во Трст за 820 илјади евра - НЕ БИЛА ПРИЈАВЕНА

Дали Вучиќ ќе го потпише договорот за Косово или ќе има референдум?

Дали Вучиќ ќе го потпише договорот за Косово или ќе има референдум?

ПОСВОИЈА ДЕВОЈЧЕ НА КОЕ МУ ПОЧИНА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО - хуманоста на Бранкица и Слободан го расплака регионот

ПОСВОИЈА ДЕВОЈЧЕ НА КОЕ МУ ПОЧИНА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО - хуманоста на Бранкица и Слободан го расплака регионот

Дипломатска офанзива: ЕУ бара од БиХ да воведе визни санкции за Русија

Дипломатска офанзива: ЕУ бара од БиХ да воведе визни санкции за Русија