20 Декември, 2025
0.0447

РАДЕВ СЕ ЖАЛИ КАЈ ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Фактот дека ЕП се изјаснува за идентитет и јазик се загрижувачки

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2025 16:18

Добивај вести на Viber

Шефот на бугарската држава, Румен Радев испрати остро предупредување до европските институции и државите-членки на ЕУ поради одлуката за признавање на македонскиот јазик и идентитет, тврдејќи дека тоа е „морална и научна“ тема надвор од правните овластувања на парламентот.

Радев наведува дека бугарската страна не прифаќа никакви промени на досегашниот европски компромис и ги осудува „етноцентричните националистички наративи“ од Скопје. Тој предупредува дека властите во Северна Македонија немаат намера да ги спроведуваат договорените европски обврски и бара силна поддршка од ЕУ за заштита на правата на Бугарите во Македонија. 

„Причината за моето обраќање до вас е развојот на случајот со извештајот на Европскиот парламент  за напредокот на Република Северна Македонија во процесот на преговори за членство во ЕУ. Планираното гласање за нацрт-извештајот во Комитетот за надворешни работи на ЕП на 4 јуни годинава беше одложено и се одржа денес. За време на гласањеto беше даден устен предлог да се додаде појаснувањето „модерен“ /во смисла на современ/ пред македонскиот идентитет и јазик, за кое за жал не беше дозволено да се гласа по внимателно подготвени процедурални потези. Од самиот почеток, случајот со овој извештај предизвика бран на негодување и критики во Бугарија против постапките и пристапите во неговата подготовка. Фактот дека почитувана институција како што е Европскиот парламент се изјаснува за категории од морална природа или специфично научен фокус како што се „идентитет“ и „јазик“ е загрижувачки, во отсуство на законска основа и релевантни надлежности. Ваквите упатувања на „јазик и идентитет“ без конкретна дефиниција ризикуваат слободни толкувања што нашите југозападни соседи веќе ги прават со своите претензии за „вековниот македонски идентитет“, вели Радев. 

Додава дека Бугарија останува посветена на сите елементи од европскиот консензус од 2022 година, чија имплементација е единствената можност за европска интеграција на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки