РАДЕВ СИГНАЛИЗИРАШЕ ОД БЕРЛИН-БУГАРИЈА НЕМА НАМЕРА ДА ОТСТАПИ ОД ВЕТОТО: „Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот“
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2022 19:30
По средбите со
германскиот државен врв, бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска од Берлин
порача дека „Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот“ и дека во ЕУ
нема место за идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната.
Како што пренесе „Дојче веле“, Радев од Берлин уште еднаш сигнализира дека нема намера да отстапи од ветото за Северна Македонија во ЕУ. По средбите со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларот Олаф Шолц во Берлин, Радев на брифинг со бугарските новинари соопштил дека позицијата на Софија наишла на разбирање од неговите германски соговорници.
„Исклучително сум задоволен од разбирањето на кое наиде аргументираната бугарска позиција во врска со Северна Македонија. Во ситуација кога работиме за заедничката европска позиција и за европските институции, не треба да дозволиме нашата национална позиција за Северна Македонија да стане заложник на конфликтот во Украина и оваа тенденција да се засилува“, изјави Радев додавајќи дека Бугарија како одговорен член на ЕУ треба да работи на тоа да интегрира партнери, а не проблеми.
Од германска страна немаше изјави по средбите со Радев ни од претседателот Штајнмајер ни од канцеларот Шолц.
Можеби ќе ве интересира
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција




