Рaдев за случајот со Пендиков: Тоа не е домашен скандал
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2023
Бугарскиот претседател Румен Радев тврди дека омразата кон Бугарија е децениска политика во Македонија.
Смета дека случајот со тепаниот Христијан Пендиков од Охрид е израз на децениска политика. Обвинува дека се водело политика да се всади омраза кон Бугарите и кон она што е бугарско.
„Затоа, многу е важно овојпат властите во Република Македонија да се изјаснат дека се работи за кривично дело од омраза. Тоа не е домашен скандал“, вели Радев.