Ќе поевтинат хигиенските влошки
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2022 15:07
Во рамки на мерките за даночни реформи, како и за праведност на даночниот систем во земајва, премиерот Димитар Ковачевски на денешната пресконференција, меѓу другото најави и намалување на даночното оптоварување на производите за менструална хигиена за жените.
Тој истакна дека со измените кои се планираат за даноците за следната година, ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти „за да придонесеме за поголема достапност на овие производи до сите жени“.
Премиерот појаснуваше дека во текот на изминтите три години нашата економија поминува низ најголемите предизвици како и другите земји поради кризите. Тој исто така посочи дека е донесен план за фискалана консолидација, истакнувајќи дека наплатата на даноците како процент од БДП е под процентот на земјите на регионот, и далеку под просекот на разивените земји.
- Клучна карактеристика на новиот даночен систем е праведноста. Со восоставување на праведенданочен систем ќе делуваме и ќе ја темелиме реформата која ја планираме. Целиот концепт е поделен во четри категории. Првата група се данок на добива, данок на додадена вредно... каде ќе се прошири даночната база, а таргетирани се и даночните ослободувањеа. Планот е да се изедначат даночните обврзници, без оглед на дејнсота – кажа премиерот.
Воедно Ковачевски најави дека од следната година нема да се применува прогресивното оданочување, туку ќе се применува даночна стапка од десет проценти, а потоа најави дека меѓу плановите за даночна консолидација е и втората група мерки кои се насочени кон намалување на административнито товар за компаниите.
- Со новиот концепт ќе се спречи злоупотреба на даночното ослободување, а планот е казните за злоупотреба да бидат петкратно поголеми од ослободувањаето. Третата група се законот за инвалидни лица и закон за доброволно социјално осигурување. Предвидено е решение за хонорарците, доколку сакаат на доброволна основа, самостојно да ги регулираат обврските за пензиско осигурување. Ќе се креира дигитална платформа, каде хонорарците ќе можат да одберат форма на здравствено и пензиско осигурување на доброволна основа... Тоа би се применувало по 1 јануари 2023 година – истакна премиерот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




