Рафајловски: Зголемувањето на данокот за куќа и стан во кој не се живее е популистичка мерка
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2020 15:13
Економскиот експерт Горан Рафајловски иницијативата на Владата за зголемување на данокот на имот за становите и куќите во кои сопствениците не живеат ја оцени како популистичка.
- Станува збор за уште едно катастрофално решение, како што беше данокот од 18 проценти за богатите. Јас се сложувам дека треба да се плати повеќе ако не се користи, но тоа треба добро да се пресмета. Ако сакате една милијарда во касата, треба сериозно да се работи во економскиот дел од владеењето, вели Рафајловски за Канал 5.
Педлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот., се најде на една од последните владини седници, но последните информации велат дека е вратен на доработка и треба да се најде на некоја од наредните седници повторно.
Премиерот Зоран Заев во интервју веќе најави дека ќе се менува овој закон и најави дека за втор стан, за куќа во која не се живее, или за деловен простор што не се користи, даночните стапки ќе бидат поголеми за трипати во однос данокот кој се плаќа за простор кој се користи.
Премиерот вели дека треба да се зголеми данокот на имот поседот на недвижности кои не се во употреба.
„Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата, рече Заев во интервју за Дојчле Веле.
Даноците на имот ги наплатуваат општините. Стапката е пропорционална и се движи од 0,1 до 0,2 проценти од пазарната вредност, а данокот се намалува за 50 отсто за станот или за куќата во која се живее.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




