20 Декември, 2025
0.0442

Раи: Граѓаните се заморени од политика, не потребни избори туку попис и прочистен Избирачки список

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2018 10:45

Добивај вести на Viber

Ниската излезеност на референдумот е израз на се поголема замореност од политиката во Македонија. Многу граѓани се едноставно уморни од сите спорови во политиката, изјави претставникот на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, Јоханес Раи денеска на Македонско-германскиот форум во Скопје „Градиме мостови - политики и економија“, пренесе МИА.

- Веќе 3,5 години сум во Македонија и имав можност да запознаам многу луѓе. Мојот впечаток е дека се повеќе и повеќе граѓаните немаат желба да ги слушаат игрите на политичарите и да бираат она што се бара од нив „или си со нас или си против нас“, вели Раи.

Посочува дека многу од граѓаните на Македонија одлучија да ја напуштат државата.

- Триста илјади Македонци живеат во странство, меѓутоа има и други бројки кои велат дека тоа се можеби 400 илјади или половина милион. Никој точно не ја знае бројката на иселените Македонци, истакна Раи.

Дојдено е времето, вели тој,  да се запре овој одлив на мозоци, а за тоа е потребно да има политички систем и институции кои функционираат.

- Моето мислење е дека сега по референдумот не се потребни нови избори. Она што е потребно е попис и прочистен Избирачки список. Простете што ќе го кажам и ова, но чудно е кога ни претседателот на Собранието не може да се најде на Избирачкиот список и не може да гласа на референдумот, вели Раи.

Германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих, пак, повика опозицијата да не го блокира процесот и да се најде решение во Собранието. Рече дека лично се надева оти опозицијата ќе се вклучи во процесот и нема да ја оддалечува земјата од Европската Унија и НАТО.

Амбасадорот Герберих жали што излезеноста на референдумот била само 36 процети но, како што нагласи, референдумското изјазнување било консултативно, а не обврзувачко, и затоа процесот треба да продолжи во институциите. 


Извор: МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки