18 Декември, 2025
0.0535

Рајанер повторно извиси, Брисел забрани спојување со конкурентот Ер Лингус

Објавено во: Свет 27 Февруари, 2013 21:27

Добивај вести на Viber

Европската комисија го запре спојувањето на Рајанер и Ер Лингус. „Спојувањето на двете водечки ирски авиокомпании би штета на потрошувачите преку создавање на монопол, заклучуваат од Брисел од каде додаваат и дека со спојувањето ќе се ограничи изборот и најверојатно ќе доведе до зголемување на цените за корисниците кои патуваат со авион. Од Европската Комисија потсетуваат и дека додека трае проценката на трансакцијата, Рајанер предложи одредени мерки за заштита на потрошувачите. Од Комисијата биле направени пазарни тестови кои сепак ги потврдиле стравувањата за нарушување на конкуренцијата, а во предвид биле земени промените на пазарот од 2007 година. Комисијата подвлече дека оттогаш па се досега позициите на двете компании значително се засилиле,а во 2012 година комбинираниот пазарен удел достигна до 87% за летовите на кратки растојанија од Даблин. Притоа посочуваат дека со спојувањето ќе има монополизација  на 28 линии, а за други 11 конкуренцијата би им биле само чартер авиокомпании. Според ЕК ова е трета нивна забрана за спојувањето на двете авиокомпании, првпат во 2007 година, а вториот во 2009 година.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина