16 Декември, 2025
0.0684

Ракетен напад врз Израел и од Либан

Објавено во: Свет 14 Јули, 2014 11:17

Добивај вести на Viber

Ракети од јужен Либан биле упатени кон Израел денеска што предизвикало возвратен артилериски оган од израелската војска, потврдија извори од двете страни. Ова е трет ракетен напад од територијата на Либан од петокот. Никој засега не ја презел одговорноста за ракетниот напад, од кој нема информации за жртви или материјална штета. Нападите од Либан се совпаднаа со израелската офанзива врз Газа, во која загинаа најмалку 170 лица, а израелскиот воен портпарол, бригадниот генерал Моти Алмоз директно ги поврза ракетите со судирите во Газа. „Некој на другата страна се обидува да ја запали границата. Не сме изненадени од тоа, подготвени сме, знаеме дека борбите во Газа мора да влијаат и на други области“, рече Алмоз. Либанските власти го потврдуваат, но демантираат поврзаност со инцидентот. Во петокот тие уапсиле човек осомничен дека ги истрелал ракетите во првиот од трите напади врз израелска територија. Тој е Либанец и член на фундаменталистичка група која не се открива. Хамас ги отфрли обвинувањата дека стои зад нападите од либанска територија. Јужен Либан, инаку е упориште на шиитскиот Хезболах, кој војуваше со Израел речиси еден месец во летото 2006 година.

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“