25 Ноември, 2024
0.0290

РАКОТ НА ДОЈКА НЕ ЧЕКА: Борбата започнува со навремен преглед

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Ракот на дојка е едно од најчестите и најтешки заболувања со кои жените се соочуваат денес. Ова заболување не познава граници, возрасти или социјални класи – тоа може да ги погоди жените насекаде во светот. Во 2022 година, во светски рамки беа регистрирани над 2,3 милиони нови случаи, додека во Македонија годишно се откриваат помеѓу 700 и 800 нови случаи на рак на дојка. Овие бројки ја покажуваат сериозноста на проблемот и важноста на редовните прегледи и навремената дијагностика, кои можат да го спасат животот.

Додека светот го одбележува октомври како месец за подигнување на свеста за оваа болест, кампањите потсетуваат на важноста на раната дијагноза. Во нашата земја, секоја година голем број жени се соочуваат со оваа болест, а прегледите како што е мамографијата можат да направат клучна разлика за раното откривање и успешното лекување на туморот.

Лични приказни за борбата со неизвесноста

Во изјава за Фактор, некои од пациентките ја споделија својата приказна за Фактор, нагласувајќи дека самопрегледите се од исклучителна важност.

Марија, открила грутче и подолг период чекала преглед за мамографија.

„Во јуни напипав грутче на мојата дојка и веднаш се обратив кај матичната лекарка, но не можеше да ми обезбеди термин за мамографија. Не сакав да чекам предолго, па решив приватно да направам мамографија дури на почетокот на октомври. Сега чекам биопсија и постојано се прашувам дали можеби е предоцна. Оваа неизвесност е страшна, а времето што помина од кога ја открив грутката до денес ме натера да сфатам колку е важно веднаш да се реагира.“

Верица и уште неколку нејзини пријателки со месеци чекаат да добијат термин за овој исклучително важен дојагностички преглед иако уредно се регистрирале електронски.

„Јас и уште четири мои блиски пријателки кои веќе сме над 50 години се регистриравме електронски за мамографија преку системот, и добивме автоматска потврда на мејл дека барањето е прифатено. Но, од тогаш поминаа месеци, а се уште немам добиено СМС со конкретен термин за преглед. 

Снежана, која веќе направила мастектомија, посочува дека процесот на лекување не е едноставен и може да трае подолго, но дека сето тоа полесно се надминува со поддршка од најблиските, но и совети од стручни лица, психолози.

 „Откако ми открија тумор на дојката и по извршената биопсија, решив да ја направам мастектомијата. Операцијата беше успешна, но сега сум на дополнителна терапија на Клиниката за онкологија. Процесот на лекување е долг и понекогаш тешко се издржува, но се борам секој ден, надевајќи се на целосно оздравување. Мојата порака до сите жени е да не се плашат од прегледите и да не одложуваат – порано откривање значи поголеми шанси за успешен исход.“

Важноста на поддршката: Семејството и стручната помош како клучни сојузници

Во борбата со рак на дојка, поддршката од семејството игра клучна улога. Жените што поминуваат низ макотрпниот процес на дијагноза, лекување и рехабилитација се соочуваат не само со физички туку и со емотивни и психолошки предизвици. Семејството често претставува најблискиот извор на утеха и сила, но исто така е важно да се разбере дека и тие се дел од оваа борба. Сочувството и разбирањето од најблиските помагаат жените да се чувствуваат помалку изолирани во својата битка.

Покрај семејната поддршка, консултациите со психолози се суштински за полесно надминување на стравовите, неизвесноста и емотивниот товар што го носи ова заболување. Стручната психолошка помош може да обезбеди алатки за справување со стресот и анксиозноста што се јавуваат во текот на лекувањето. Психолозите помагаат жените да останат ментално силни, да ја прифатат новата реалност и да ја изградат потребната емоционална отпорност. Комбинацијата од семејна љубов и професионална поддршка може да направи разлика во исходот од лекувањето и во начинот на кој жената го поминува тој пат.

Проблемите со термините: Времето кое жените не можат да си го дозволат

Ова што го раскажуваат пациентките не е единствен случај.  Во Македонија жените често се соочуваат со долги чекања за прегледи, особено за мамографија и биопсија, а посебно за добивање на резултатите по направената биопсија. Во ситуации кога секој ден може да биде клучен за успешноста на третманот, овие задоцнети прегледи носат дополнителен стрес и ризик за пациентите. Проблемот со недостапноста на термини во јавните здравствени установи честопати ги принудува жените да бараат приватни прегледи, кои не секогаш се финансиски достапни за сите.

Затоа, навремените прегледи и достапноста на дијагностички услуги не треба да бидат луксуз – тие се суштински за секоја жена. Важно е здравствениот систем да одговори на овие потреби, бидејќи во борбата против ракот на дојка, времето е еден од најголемите сојузници.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти