26 Мај, 2024
0.0939

Рама: Несфатливо е за нас кога Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален

Објавено во: Балкан 31 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Ситуацијата во Македонија би можела да излезе од контрола затоа што лидерот на втората најголема политичка партија одбива да го даде мандатот за формирање влада во која би учествувале партиите на локалните Албанци, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за швајцарскиот весник „Tages-Anzeiger“.

Запрашан за нападите од дел од македонските политичари дека се меша во внатрешните работи на една земја, Рама кажа дека Албанија не го довела никогаш во прашање името на државата, јазикот или идентитетот.

„Ние само да побаравме од Владата во Скопје да ги почитува правата на Албанците во целост. Тоа е несфатливо за нас кога Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението. Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија? Француски, како забранет јазик во федералните институции или судот?“- праша Рама.

Лидерот на албанската Социјалистичка партија рече дека „политичката температура“ на Балканот значително пораснала, осврнувајќи се на тензиите во целиот регион.

„Во Србија се избира нов шеф на државата на 2 април, а провокациите кон младиот сосед се постојани…Косовските власти сакаат да формираат своја армија, без консултации со западните сили, што секако предизвикува тензии. Единството во Босна е под знак прашалник заради однесувањето на српските тврдокорни струи…Црна Гора има драматични парламентарни избори зад себе…“- рече Рама во интервјуто за „Tages-Anzeiger“.

Тој повеќе пати беше прозван од македонските политичари дека се меша во внатрешните работи на Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМ НАВИВАЧКИ КОНФЛИКТ ВО БЕРЛИН, СЕ ТЕПАА ГРЦИ СО ПАЛКИ И ШИПКИ - еве кои грчки навивачи си ги одмерија силите

ГОЛЕМ НАВИВАЧКИ КОНФЛИКТ ВО БЕРЛИН, СЕ ТЕПАА ГРЦИ СО ПАЛКИ И ШИПКИ - еве кои грчки навивачи си ги одмерија силите

ДРАМА НА ЛЕТОТ ЗА СПЛИТ: Млад маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина, а потоа се заклучил во тоалетот

ДРАМА НА ЛЕТОТ ЗА СПЛИТ: Млад маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина, а потоа се заклучил во тоалетот

КАКО СЕ СЛАВЕШЕ НЕКОГАШ ДЕНОТ НА МЛАДОСТА: Се славеше младоста, убавината, изградбата на социјализмот, достигнувањата на НОБ, а најмногу самиот Јосип Броз Тито

КАКО СЕ СЛАВЕШЕ НЕКОГАШ ДЕНОТ НА МЛАДОСТА: Се славеше младоста, убавината, изградбата на социјализмот, достигнувањата на НОБ, а најмногу самиот Јосип Броз Тито

АКО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ГРЦИЈА, ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ: Минималецот е 830 евра

АКО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ГРЦИЈА, ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ: Минималецот е 830 евра

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ПАЗАРИТЕ И МАРКЕТИТЕ ВО СОЛУН: Некои производи поевтини отколку кај нас!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ПАЗАРИТЕ И МАРКЕТИТЕ ВО СОЛУН: Некои производи поевтини отколку кај нас!

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема